Ариго Саки е еден од најдобрите тренери во Италија на сите времиња.Тој го создаде „страшниот“ Милан од крајот на осумдесеттите години кога доминираа во Европа и во Серија А.

Денеска Саки има 75 години и е во пензија но работи како стручен коментатор. Тој укажа каде Италија направила грешка во дуелот со Македонија.

 Против Македонија имаше многу играчи кои не беа спремни и тоа беше клучно. На Европското првенство игравме како херои, но  во Палермо немаше херои. Имаше и страв во главите, имаше несигурност и недоволна самодоверба. Како е можно толку удари да завршат високо над голот, ни недостасуваше концентрација, одлучност и натпреварувачки пристап во правилен момент посочува Саки.