Денеска ќе се знае дали поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов останува во притвор.Таму може да биде задржан до 24 часа, како што предвидува тамошниот закон.
Адвокатот Људмил Рангелов се надева дека Борисов ќе биде ослободен
по истекот на 24-часовниот притвор.
Тој мора да биде пуштен најдоцна околу 22 часот. Другата опција е обвинител да гоодведе во притвор од 72 часа. После тоа, Обвинителството може да го изнесе пред судот за трајна мерка притвор“, објасни тој за „Ало Бугарија“
Полицијата вчера го приведе во голема заедничка акција на европското обвинителство и националната полиција, поради 120 случаи за злоупотреба на фондови на Европската Унија.
Тој беше уапсен само неколку часови отако европска обвинителка за борба против корупцијата Лаура Ковеши ја посетила Бугарија.
Таа е добро позната во Македонија бидејќи често доаѓаше и е добра пријателка со поранешната специјлна обвинителка Катица Јанева.
Comments are closed for this post.