Она што сите се надеваа не се повтори.Глазгов Ренџерс ја разби Црвена Звезда во натпревар од Лигата на Европа.
За некого ВАР е мајка, а за некого маќеа – и така е откако оваа напредна технологија е воведена во фудбалот! За жал на Црвена звезда, таа не беше „наклонета“ на српскиот шампион кој беше поразен со 3:0.
Трипати ВАР работеше на Ајброкс за само 10 минути и три пати играчите на домашната екипа се радуваа на конечните одлуки на судијата Сердар Гезубјук. Најпрвин во 3. минута го потврди милиметарскиот офсајд на Александар Катај, потоа во 13. минута истиот играч кој двата пати ја тресеше мрежата на искусниот Мекгрегор, додека во 9. минута го следеше дуелот меѓу Славољуб Срниќ и Кент. Звезда имаше три поништени гола и еден промашен пенал.
Comments are closed for this post.