Легендарниот Дејан Савичивиќ се присети на годините кога се распаѓаше Југославија и кога имаше војна поради која беа суспендирани југословенските спортисти. Во 1992 година поради војна на Југославија ѝ беше одземен настапот на Европското првенство иако таа избори пласман на зелениот терен.

-Спортистите не се виновни за ништо што се случува, јас најдобро го знам тоа, затоа што го доживеавме во 1992 година кога на Југославија не ѝ беше дозволено да игра на Европското првенство.

„Не сакам да го бранам Путин, но на своја кожа доживеав исклучување од првенство поради политичка причина. Играњето фудбал, играњето натпревари во секој спорт е порака на мир. Руските фудбалери и другите спортисти од оваа земја немаат никаква врска со Путин, како што ние од таа југословенска генерација немавме врска со војната во Југославија пред 30 години, истакна познатиот фудбалер.

 

Во 1992 година на ЕП југословенските фудбалери веќе беа во Шведска и се подготуваа за првиот меч кога стигна одлуката на Советот за безбедност на ОН дека се воведуваат санкции кои важат и за спортистите и мораа да се вратат дома.