Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пријави на Мастерсот во Мајами, иако во моментов нема да може да стапне на тлото на Соединетите Американски Држави бидејќи не е вакциниран!
Организаторот рече дека Новак е на списокот, додека Србинот, пак, нема што да загуби додека чека потенцијална дозвола за настап.
– Ќе продолжам да работам и да тренирам. Сега, дали можам да одам во Америка… Не во моментов, но ако нешто се промени, со задоволство ќе одам. Ако не, ќе се свртам се кон она што следува – изјави Новак по поразот од Јиржи Весели од Дубаи.
Турнирот се игра од 23 март до 3 април, а на него се пријавија сите тенисери од ТОП 10. Сепак, прашање е дали поради ситуацијата со Русија и Украина ќе играат Данил Медведев и Андреј Рубљев, додека Германецот Александар Зверев може да добие забрана за дивеењето во Акапулко.
Comments are closed for this post.