Спасувачките екипи ископаa тунел и стигнаa до петгодишното момче од Мароко кое четири дена било заглавено во бунар. Според неофицијални информации Рајан Аврам е жив и во критична состојба, а лекарскиот тим кој е со него во бунарот сега го подготвува за транспорт во болница.
На социјалните мрежи се појави шокантно видео од бунарот на кое се гледа како дете се бори за воздух. Цело време бил свртен на страна. На момчето му испратиле вода и кислород за да може да преживее.Специјалистите за реанимација влегоа во тунелот заедно со спасувачките екипи и го спасија.
Comments are closed for this post.