Директорот на Јавното претпријатие железничка инфраструктура, Железници на Република Македонија, Хари Локвенец вечерва информираше дека на почетокот на 2027 година би требало да имаме воз до Софија.
Третата фаза од пругата е најскапата и најкомплицираната. Проектната документација од 2016 вели дека би требало да чини 405 милиони евра. За тие последни 24 километри, проектантот предвидел 24 тунели и 51 мост, што значи на секој километар ќе има по еден тунел и два моста, што претставува сложен проект. До 2026 година, ќе имаме завршено целосно источно крило до границата, па оттаму очекуваме целата пруга да биде готова до почетокот на 2027 година, истакна Локвенец во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Comments are closed for this post.