Владата испрати објаснување по повод церемонијата на изведување на химната на Република Македонија за време на посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков. Оттаму велат дека не се точни пишувањата дека бил изоставен делот од химната каде се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Сандански и Крушевската Република, туку дека се изведувала кратката инстументална верзија.
Воениот оркестар на Армијата согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали. Оттука, дезинформација е дека химната односно стихови од химната биле скратени од било кои причини специфично за оваа посета. Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии. Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Северна Македонија така и во светски рамки. Дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија-реагираат од Владата.
Comments are closed for this post.