Поради лошото менаџирање на државата од страна на СДСМ и ДУИ, граѓаните се соочуваат со здравствена, економска и енергетска криза. Затоа, ги повикуваме пратениците кои уште ја разгледуваат можноста кон спојување со овој „брод што тоне“, да размислат мудро и да се повлечат од таквите авантури. Повикуваме на формирање на експертска влада, со цел побрзо распишување на предвремени парламентарни избори, изјави денеска Елми Азири од Алијанса за Албанците.
Тој исто така го поддржа предлогот на лидерот Христијан Мицкоски, Африм Гаши да биде новиот мандатар.
Што се однесува до предлогот на Мицкоски, претпоставувам дека Мицкоски кај Африм Гаши гледа капацитет за справување со сите кризи што се случуваат во земјава, но и со решавање на евроинтеграцискиот процес. Ние го поддржуваме тој предлог – рече Азири.
Тој повика на рушење на актуелната Влада, и предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече, Европскиот совет повторно не даде зелено светло за отворање на проговорите за членството на Македонија во ЕУ, а тоа според него докажува дека „режимот СДСМ и ДУИ потфрли во исполнувањето на условите на Европската Унија, особено што се однесува до владеење на правото имплеметацијата на договорот за пријателство со Бугарија“.
Денес, поради лошото менаџирање на овој режим, граѓаните се соочуваат со многубројни кризи, здравствени, економски, енергетски. На сите овие кризи заедничка им е корупцијата на режимот СДСМ и ДУИ, со што станавме една од најкорумпираните земји во светот. Она што уште повеќе загрижува е тоа што нивната корумпираност не им наштетува само на џебовите на граѓаните, туку корупцијата почнала да ги чини граѓаните со живот – додаде Азири.
Тој потсети дека поминаа три месеци од трагедијата во модуларната болница во Тетово, како и три недели од трагедијата во автобусот на Беса Транс, и како што рече, се уште никој нема понесено одговорност.
Продолжувањето па макар и еден ден на овој режим е штетно за земјата и граѓаните кои бараат подобрување на нивниот живот, особено во борбата против криминалот и корупцијата, економски развој правда и еднаквост на граѓаните. Оваа власт ја има доведено земјава во слепа улица, од која не можат да излезат – рече Азири.
Тој додаде дека новите услови по ова недобивање на датум за преговори, не остава друг избор освен рушење на овој режим и создавање на експертска Влада, која ќе ја подготви земјава за нови избори.
Comments are closed for this post.