Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новиот договор значи заеднички патриотизам, намалување на даноците и борба против корупцијата.
ВМРО-ДПМНЕ промовира нов договор во општеството, отворање кон сите. Време е да престанат поделбите и стигматизациите.
-Новиот договор е новиот заеднички патриотизам, на сите Албанци, Турци, Срби, Роми и сите кои живеат во земјава, а се дел од Македонската нација. Новиот патриотизам е да се работи и инвестира подеднакво во Сарај и во Сопиште, во Прилеп и во Дебар. Новиот договор се и пониски даноци. 8% данок на добивка и персонален данок на доход. 0% данок за младите. До 6% раст на економијата по нејзиното стабилизирање, се вели во соопштението.
Новиот договор, и заедничкиот патриотизам се и борбата против корупцијата која го урнисува општеството. Никогаш повеќе граѓаните да не треба да плаќаат за работи кои природно им следуваат, а не можат да ги добијат затоа што некој им бара мито.
Заедничкиот патриотизам е нашата цел, за Македонија која мора да успее!
Comments are closed for this post.