Милорад Улемек Легија (53), кој беше осуден на 40 години затвор за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година штрајкува со глад во затворот „Забела“.
Веста за штрајкот ја потврди адвокатот на Легија Александар Ковачевиќ.
„Точно е дека мојот клиент вчера штрајкуваше со глад. 18 години е во најстрога изолација, ускратено му е правото на ресоцијализација, но и посети и работа, иако нема дисциплински прекршоци. Не е познато зошто на секои две години му се продолжува изолацијата. Надлежните органи пишуваат записник за продолжување на неговиот престој, иако не е наведено зошто и затоа не ни знаеме против што поднесуваме претставка“, посочува Ковачевиќ.
Милорад Улемек Легија (53), поранешен командант на Единицата за специјални операции во 2005 година беше осуден на 40 години затвор за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. Улемек беше осуден на уште три максимални затворски казни, вклучително и за убиството на Иван Стамболиќ на 25 август 2000 година и за обидот за атентат врз Вук Драшковиќ во Будва на 15 јуни 2000 година.
Поранешниот командант на Единицата за специјални операции (ЕСО) веќе 17 години се чува во строга изолација во затворот „Забела“, држен под посебен режим и одвоен од другите притвореници.
Comments are closed for this post.