Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изрази задоволство од саботниот триумф од 3-0 на гостувањето кај лондонски Тотенхем, оценувајќи дека неговите фудбалери одиграле брилијантен натпревар.
– Кога ќе победите со 3-0 и притоа ќе ја држите топката далеку од сопствениот гол, тоа е задоволително. Во фудбалот некогаш работите ви одат од рака, а понекогаш се против вас. Напорно работевме оваа недела и играчите беа брилијантни, изјави Солскјер.
Јунајтед поведе во 39. минута преку Кристијано Роналдо, кој потоа му асистираше на Едисон Кавани за 2-0 во 64. минута, а конечниот резултат го постави Маркус Рашфорд во 87. минута на асистенција на Немања Матиќ
Comments are closed for this post.