ЛДП и ДОМ, кои на локалните избори настапија заеднички, политички и натаму ќе седат на два стола. Од една страна остануваат во владината коалиција, а од друга, јавно нема да дадат поддршка за ниту еден од кандидатите на владејачкиот СДСМ како „Најдоброто за вашата општина“.
Речиси сите помали владини коалициони партнери денеска преку соопштенија даваат поддршка за СДСМ уверувајќи дека владиното мнозинство е стабилно.
-Ние уште пред да започне кампањата изјавивме дека тоа се гласови на граѓаните. Ние не располагаме со тие гласови и верувам и убедена сум дека граѓаните се многу мудри и точно знаат кое е значењето на функцијата градоначалник на општина, на град и сега во вториот круг и ќе го поддржат кандидатот, личноста за која веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината или градот во позитивен правец, рече претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.
Вели дека не е точно оти коалицијата „Одлучно за промени“ преговарале за некакво ново парламентарно мнозинство.
-Сакам да ги демантирам тие шпекулации дека ние сме биле во некакви преговори за ново парламентарно мнозинство или менување, рушење на Владата. И ДОМ и ЛДП се дел од парламентарното мнозинство, коалициски партнери во Владата, рече Морачанин.
Comments are closed for this post.