Професори, доктори, стопанственици, но и нови имиња, се меѓу новите осум кандидати за градоначалници што ги објави ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, огромно мнозинство граѓани се определило за поддршка на нови и некомпромитирани имиња.
-ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот и Централниот комитет донесе одлука за повеќе кандидати за градоначалници на општините. Се водевме од принципите за чесност, транспаретност, работливост и согласно со мислењето на членството и граѓаните, соопшти партијата.
За Општина Аеродром е предложен Тимчо Муцунски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан први”, актуелен пратеник во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, за Општина Карпош Оливер Зафировски, специјалист педијатар, пулмоалерголог, за Општина Битола Тони Коњановски, специјалист епидемиолог и советник во Советот на општина Битола, за Општина Струмица економистот Жан Дрвошанов, за Општина Кичево доктор Александар Јовановски, за Општина Крива Паланка поранешниот директор на Центарот за култура, Александар Рангелов, за Општина Старо Нагоричане филологот Велибор Денковски, а за Општина Долнени е предложен Ладо Глигороски кој активно се занимава со земјоделство.
Comments are closed for this post.