Во најновиот извештај на американскиот Стејт департмент се вели дека Северна Македонија има константен проблем со корупцијата. Со ова уште еднаш се потврдија констатациите на Алијанса за Албанците што со години по ред се зајакнуваат со сведоштва и голем број на скандали од страната на оваа Влада, СДСМ-ДУИ, реагираат од оваа Коалиција.
Оваа горчлива реалност доаѓа како резултат на раководењето на земјата од страна на корумпирани функционери и од претходните влади кои што продолжуваат со применување на истите методи на работење и понатаму, потенцираат од Алијанса за Албанците.
Осврнувајќи се на извештајот од Стејт департментот напоменуваат дека во извештајот се вели дека постојат позитивни закони што се совпаѓаат со европското законодавство и што овозможуваат позитивна клима за лесни бизниси, но, корупцијата останува и понатаму проблем.
„Ова исто така докажува дека во Северна Македонија не се проблем законите, туку спроведувачите на законот. Тоа докажува дека проблемите со криминалот, корупцијата и стагнацијата на државата не се решаваат со законски реформи, туку со промена на структурата на владеење со државата, која што ги има заробено институциите воопшто и судството особено“, велат од Алијанса за Албанците.
Comments are closed for this post.