Кога се претставува државата, а фудбалската репрзентација ја претставува државата, тогаш се употребува „на Cеверна Македонија“, додека македонско, македонска, Македонец, сите делови на придавката, нашиот идентитет, македонскиот јазик се употребуваат во сите други форми на дискусија, општење и соопшутување на нашите ставови – изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
На прашање од пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, за извинувањето дека направил грешка што напишал „македонска фудбалска репрезентација“, Заев посочи дека коректно е и политички, човек да се корегира кога нешто е спротивно на Преспанскиот договор.
Јас сум ги потпишал тој Договорот, сум го преговарал тој договор и апсолутно целосно го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и нашата македонска национална посебност. Апсолутно нема дилема кога се употребува „на Cеверна Македонија“ а кога македонско, Македонец, Македонка и така натаму – изјави Заев.
Заев истакна дека за целиот свет сме Република Cеверна Македонија, но сме потврдени како Македонци, кои зборуваат македонски јазик.
Јасно е согласно Преспанскиот договор, што е Закон ратификуван во нашето Собрание, што е придавка македонско, македонски, Македонец, Македонка и слично, а што е употребата на Cеверна Македонија кога се претставува државата и државните институции и тоа е јасно разграничено. Проблемот е во тоа што секогаш барате начин како да ја замајувате јавноста преку неискрен пристап, во делот на она што претствува гарантирање на иднината и на Македонците, но и на сите кои што живеат во нашата земја – изјави Заев во одговор на прашањето на пратеничката Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.