Сопственикот на индиската компанија за трговија со скапоцени камења Hare Krishna Exports, Савџибхаи Долакија, на 600 свои вработени им подари нови автомобили, по повод најголемиот индуистички празник Дивали, што е еднаков на христијанскиот Коледе. Други 1.000 работници добиле големи парични премии или апартмани.
-Целта на иницијативата е да биде наградена лојалноста и посветеноста на вработените во компанијата, напишал на ФБ, Долакија.
Автомобилите се од марките рено и сузуки, а нивната вредност надминува два милиони долари или 1,76 милиони евра.
Ова не е прв изблик на дареѓливост на Долакија. Пред две години, по истиот повод, тој на своите вработени им подари стотици апартмани.
Comments are closed for this post.