Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш е на чекор да потпише нов долгогодишен договор со премиерлигашот Манчестер јунајтед, јавуваат денеска англиските медиуми, додавајќи дека продолжувањето на соработката се очекува да биде официјализирана пред 11 јуни за кога е закажан стартот на Европското првенство.
Фернандеш дојде во редовите на англискиот прволигаш од Спортинг Лисабон во јануари 2020 година, кога потпиша четиригодишен договор за сума од 47 милиони фунти.
Со новиот договор, Фернандеш уште долго ќе остане во Јунјатед, а неговата плата ќе биде покачена на 200.000 фунти неделно
Comments are closed for this post.