Позната е причината зошто не се реализира уште едно предизборно ветување на премиерот Зоран Заев за една изборна единица. Иако кај речиси сите партии од власта постоело расположение за промена на изборниот модел, за тоа проив бил единствено ДУИ.
-Не е време за една изборна единица, но секако треба да се отслика хетерогеноста на нашето мултиетничко општество – порача вчера Арбер Адеми, пратеник од ДУИ.
Како што дознаваме, причините зошто ДУИ не сака една изборна единица се чисто партиски. Проценките во Мала Речица покажале дека доколку се укинат изборните единици ДУИ ќе изгуби два до три пратеници и оти тоа никако не им одговара во ситуација кога коалицијата Алијанса-Алтернатива сериозно им се доближува по рејтингот.
Од негативното мислење на владата најголемо незадоволство имало кај помалите коалциски партнери на СДСМ, Демократскиот сојуз и ДОМ кои сметаат дека на овој начин им се одоволува само на ДУИ и ништо повеќе.
И Заев пред две години велеше дека е време за една изборна единица иако се свесни дека ќе изгубат по некој пратеник.Поддршка за овој предог даде и ВМРО-ДПМНЕ.
Во моментов Македонија е поделена на шест изборни единици со по 20 пратеници а се гласа по пропорционален модел.
Comments are closed for this post.