Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за весникот „Фокус“ говореше за блокирањето на законот за Клинички центар и посочи дека со овој закон Заев и Филипче сакаат физибилити студија од 35 листа и со тоа сакаат да склопат договор со кој ќе ја задолжат Македонија за 508 милиони евра.
Ќе ги блокираме сите закони што се неквалитетни. Нас ни одговара да имаме Клинички центар, но ние сега имаме измени на Законот за јавни набавки. Три листа со седум амандмани, со кои ќе им дадеме на Зоран Заев и на Венко Филипче, премиер и министер за здравство во најкорумпираната влада во Европа, право да склопат во четири очи договор со кој ќе ја задолжат државата пола милијарда евра, без притоа да има проект. Има физибилити студија на 35 страници, со која треба да се потрошат 508 милиони евра на граѓаните, без притоа да има решенија за пристапни патишта, електронапојување, телекомуникации, решени имотно-правни прашања, рече Мицкоски.
Понатаму во текот на своето интервју Мицкоски посочи дека ова ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати, туку ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нуди друго решение за оваа проблематика.
Ние нудиме друго. Ајде да го тргнеме тоа на страна и да направиме закон, кој сите ќе го поддржиме. Постои проект за клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за кој Европската инвестициона банка одобри финансирање. Паралелно со тоа да видиме каде можеме да инвестираме на друго место, во Штип, Тетово и во Битола. Можеме да изградиме нова ковид болница на платото помеѓу „8 Септември“ и болницата „Букурешт“, додаде Мицкоски.
Comments are closed for this post.