Илјадници мигранти во последните неколку дена влегоа од Мароко во Сеута, шпанската енклава на северот од Африка. Состојбата во енклавата е се полоша.
Полицајците и припадниците на шпанската цивилна гарда од морето извлекуваа стотици луѓе кои пливајќи ја преминуваа мароканско-шпанската граница. Во последните неколку дена околи 1500 деца од Мароко влегоа во Шпанија.
Светот го обиколи фотографија на полицаец кој од морето спаси новороденче.
Припадниците на шпанската цивилна гарда спасија десетици луѓе, меѓу кои и многу деца. Само во последните два дена во Сеута влегоа 8000 луѓ, а две третини се вратени во Мароко. Меѓу нив има и многу деца кои се без придружба од возрасен. Шпанските власти велат дека родителите ги пуштаат децата сами со надеж дека ќе успеат да стасаат до Европа. А оние мигранти кои шпанските власти веќе ги вратија велат дека повторно ќе се обидат да ја преминат границата.
Comments are closed for this post.