Мисијата на Светите Кирил и Методиј е еден од првите примери на обединување на словенските со другите народи во Европа, за поврзување на различни култури со почитување на разликите. Тоа е вредноста на која и денес се повикуваме, сеќавајќи се на нив и на историјата, истовремено свртени со поглед кон иднината и за која велиме дека заедничките допирни точки не не делат туку не поврзуваат, истакна денеска премиерот Зоран Заев на промоцијатa на печатеното издание „Проглас“ од Константин Философ – Св.Кирил и изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“.
Мисијата на Светите Кирил и Методиј е далекусежна и се уште ги обединува словенските и другите народи во Европа. Оваа вредност и денес по повеќе 1150 години не учи и не инспирира. Во тој дух почитувањето на делото на Светите Кирил и Методиј заедно со другите словенски и останатите народи кои чувствуваат ист долг кон нивната мисија и наследство и ја слават нивната цивилизациска мисија со достоинство и чест, е обединувачки фактор толку значаен за нашата современост и иднина, рече Заев.
Цел на нивните мисии, покрај ширењето на христијанството, биле и описменувањето и просветувањето на населението, а темелот на тој култоролошки процес бил создавањето на првата азбука – глаголицата, за чија основа Кирил ги земал говорните карактеристики на словенското население во Македонија од околината на Солун.
Мисијата на Светите Кирил и Методиј имала наднационалана, цивилизациска и обединувачка улога. Тие развиваат препишувачка школа во тогашните манастири и ги умножуваат книгите со кои ќе продолжи нивната мисија, преку нивните ученици предводени од Свети Климент Охрирски кој во Охрид ја основа Светиклиментовата школа, во ранг први универзитет во Европа. Од глаголицата на Свети Кирил, а потоа кирилицата, подоцна се кодифицира современиот македонски јазик и азбука, рече Заев. За големата улога и значењето на Кирил и Методиј, сведочи и признанието што им го оддаде папата Јован Павле на 31 декаември 1980 кога ги прогласува за патрони и заштитиници на Европа.
Заев потсети дека промоцијата на „Проглас“ и изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“, коиницидира со два јубилеја – 30 години од осамостојувањето на РСМ и 100 години од раѓањето на Блаже Конески, основоположникот на современиот македонски јазик.
Промоција на „Проглас“, како што наведе, овој пат ги обединува Македонија и Словачка, но тука се и претставници на Чешката Република и на други братски држави, обединети преку род и преку заедничката писменост. Библиофилското издание „Проглас“, првпат објавено во Словачка по повод 1150 години од мисијата на словенските просветители, сега доживеа и второ дополнето издание на старословенски, словачки и македонски јазик. Објавено е од Словачката народна библиотека во соработка со Друштво на писатели на Словачка и финансиска поддршка од Владата на Република Македонија.
Промоцијата на „Проглас“ во пресрет на 24 Мај, денот на сесовенските просветители, е збогатена со изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“, во која низ фотографии и илустрации е прикажан нивниот живот и мисија. Словачкиот амбасадор во Скопје Хенрик Маркуш, потсети дека прв пат пред три години биле претставени во НУБ во Скопје, а потоа и низ неколку градови во земјава.
Посебна заслуга на денешата промоцијата, му беше искажана на Стојан Лекоски, Македонец кој повеќе години работи и живее во Словачка.
На промоцијата и отворањето на изложбата присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министерката за култура Ирена Стефоска, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, претставници на Амбасадата на Чешка во Скопје и гости од Словачка.
Comments are closed for this post.