Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за образованието и наставниот кадар. Самостојниот синдикат за образование за првпат потпиша Колективен договор со Министерството за образование и наука на кој исто така се приклучи и Независниот академски синдикат.
Веќе од септември со овој Колективен договор, вработените во високото образование ќе добијат покачување на платите за 10 отсто, а ќе им биде исплаќан и минат труд кој досега го исплаќале само некои од установите.
Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука меѓу кои: вработување, унапредување, право на годишен одмор, права на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација.
Во договорот е дефиниран и начинот на пресметување на платата, кој се базира на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата. Со ова се обезбедува систем на валоризација, но и постојан раст на платата, која ќе расте заедно со просечната плата. Дополнително, во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и минат стаж. Овој Колективен договор е пример за успешното партнерство меѓу Министерството и професорската фела, но и потврда за грижата на институциите кон високото образование.
Како одговорна партија продолжуваме со креирање и имплементација на мерки и политики преку кои покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните, за наставниот кадар.
Comments are closed for this post.