Музеите во светот секогаш се првата и најдобрата тродимензионална училница за приказ на историјата и културата на секоја земја. Затоа, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот 2006 – 2017 посвети огромно внимание на овој дел од културата, покривајќи ги речиси сите културолошки аспекти од македонскиот простор, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод 18 мај, денот на музеите.
– Почнувајќи од првите облици на организиран живот на човештвото – Неолитското село Тумба – Маџари – музеј под отворено небо (2008) и Музејот на вода – Залив на Коските во Охрид (2010), преку блеснувањето на археологијата, основајќи ја Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби – Градско – музеј под отворено небо (2008) и светлината на македонската археологија Археолошкиот музеј на Македонија (2014), потоа приказот на современото македонско национално будење – Музејот на македонската борба за државност и самостојност (2011), целосно обновениот Музеј „11 Октомври“, познат како Участакот во Прилеп (2011), Музејот на ВМРО за Штип и Штипско 1893 – 1934 (2014), Спомен-куќата на Христо Татарчев во Ресен (2016), заокружувајќи го тој процес со постојаната музејска поставка – Граѓанската војна во Грција (1946 – 1949) и евакуацијата на децата од егејскиот дел на Македонија (2014), покажувајќи достојна почит кон различностите на македонското општеството Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија (2011), Музејот на албанската азбука во Битола (2012), Спомен-куќата на Мустафа Кемал Ататурк и роднинска куќа во селото Коџаџик – Центар-Жупа (2014) и Спомен-куќата на Мајка Тереза (2009), која, истовремено, е и симбол на светско учество од македонскиот простор, грижејќи се за современите состојби во уметноста, реновирајќи го целосно го Музејот на современата уметност (2014), па новата национална установа Уметничка галерија во Тетово (2007), како и Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево (2011) и, на крајот, поклонувајќи се на македонското природното богатство, отворајќи ја подружницата на Природонаучниот музеј на Македонија во Стар Дојран со постојаната поставка Живиот свет на Дојранското Езеро и котлина во соработка со Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (2017), посочуваат од партијата.
– Наспроти оваа музејска ренесанса, во периодот на Владата на СДСМ (2017 – 2021) имаме намалени буџети и целосна негрижа во музеологијата, растурање на репрезентот на македонската археологија – Археолошкиот музеј на Македонија, како и основање разни комисии за преиспитување од неопходноста за постоење на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, исфрлајќи го клучниот поим од насловот – ДРЖАВНОСТ, што ја доведува во прашање и државноста на Татковината, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.