Укинување на ограничувањето на работното време и на одлуката за забрана со работа во внатрешните делови на угостителските објекти, или пак, дозвола за работа во внатрешноста на објектите кои имаат т.н. „златен сертификат“, се дел од барањата што Независната угостителска комора (НУК) утрово ги испратила до Комисијата за заразни болести и до Министерството за здравство.
Се бара и укинување на забраната за настап на музички групи во угостителските објекти, како и да се дозволи одржување на настани, прослави и веселби во сите угостителски објекти, во согласност со предлог-протоколи што допрва треба да се изготват. НУК предлага и да се дозволи на иста маса соодветно да седат шест или повеќе лица.
Од НУК сметаат дека Комисијата за заразни болести ќе ги земе предвид предлозите при носењето одлука за нови мерки.
Comments are closed for this post.