Хит-серијата која е снимена по една од најубавите лектири наскоро ќе се емитува и во Србија.
Ова прекрасно дело на Оливера Николова е дел од образовната програма како задолжителна лектира во прво одделение. „Зоки Поки“ е детето-херој на многу генерации ученици од Македонија.
Неодамна стана достапна и во Скандинавија, а наскоро и децата од Србија ќе може да ја гледаат филмуваната верзија на „Зоки Поки“ и тоа на националниот канал РТС.
Модерната екранизација на популарната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.
Comments are closed for this post.