Танцовиот одбор на Македонскиот ИТИ Центар ja избра Биљана Тануровска-Ќулавковски (истражувачка, кураторка и продуцентка) за авторкa на македонската порака по повод Меѓународниот ден на танцот, кој се одбележува на 29 април. Пораката ја пренесуваме во продолжение:
„Танцот е уметност и социјално вградена пратикакоја ги артикулира и материјализира односите помеѓу телата, помеѓу телата и предметите, помеѓу просторот и времето. Уметноста се развива во специфични материјални и идеолошки услови, кои истовремено и ја дефинираат. Истите тие услови го дефинираат и „светот на танцот“,кој препознавадела и практики како танци, тела во танц или танцови тела. Свесни за различните перспективи, верувања, претпоставки, односи и идеологии за телото, кои се користат низ времето, го градиме односот кон танцот како уметност и социјална практикана соединување, демаскирање, геометризирање, искуство, поврзување…
Градиме однос кон телото во танц како тело во движење, во мирување; интелигентно, неутрално, минимално, возвишено, вертикално, хоризонтално, метафизичко, канонизирано, родово, квир, импровизирано, спонтано, кореографирано, технички спремно, технички ослободено, експлицитно, невидливо…или многузначно тело во танцот.
Ова многузначно тело во танцот станува сèповидливо, поради големиот влог на многу танцови уметници и работници кои со години работат на развој на едукација, на продукција, формирање на простори, на формални и неформални компании, колективи, организации…
На денот на танцот посакувам, за сите, континуиран развој на подобар „свет на танцот“ кој ќе ни понуди повеќе средби со неговата многузначност. Заедно да го славиме танцот и неговото мноштво на значење и употреба, но и да ги подобруваме условите за развој на танцовата уметност кај нас.
Би сакала во иднина да се сеќаваме на овие пандемиски денови, не само како моменти на криза кои ни одзедоа средби со танцот, но и како моменти во кои го промислуваме „светот на танцот“ во иднина, и посакуваме да сведочиме за: Посебен третман на танцот во полето на културните политики; Бројни и разновидни танцови продукции; Нови простори и институции за танцова уметност; Уште поголема поддршка на независни кореографи, танчерии изведувачи; Фонд за мобилност и регионална и меѓународна соработка, што ќе овозможи нашата танцова уметност да патува и да нèозначува насекаде…
Ни посакувам и многу повеќе, додека славиме денес, славејќи го минатото, гледајќи напред кониднината.
Посакувам и во иднина да танцуваме и да го славиме танцот во сета својаразноликост, разновидност, многузначност и многуслојност…
Да живее танцот!“
Comments are closed for this post.