Британската кралица Елизабета Втора денеска го прославува својот 95 роденден, оваа година на поинаков начин, прв пат без сопругот принцот Филип кој почина неодамна. Воедно, ова ќе биде втора година по ред без традиционалната воена парада која нема да се одржи поради коронавирус пандемијата.
Извори блиски до кралското семејство изјавиле дека роденденот на кралицата ќе се одбележи со помал број членови на кралското семејство и дека годинава нема да биде објавен традиционалниот портрет на кралското семејство, бидејќи до петок траат деновите на жалост за војводата од Единбург.
Портпаролот на британското Министерство за одбрана потврдил дека ниту оваа година, нема да има почесна стрелба од лондонскиот Хајд парк, како ни јунска прослава на родендените познати како „“Поздрав на боите“.
Comments are closed for this post.