Има причинско-правни последици зошто е тоа правено, со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтверот кој може да се употребува во Министерството за внатрешни работи. Се работи за објект кој снима 360 степени кој е набавен врз основа на претходни длабински анализи. Ова е правено со причина, не ни текнало така нас седејќи во Владата ај ќе правиме софтвер. Ако не го користат сега, може во иднина ќе го употребуваат“.
Oва се зборови на Зоран Заев на 10 март оваа година.Тогаш со сите сили го бранеше својот најверен сојузник Драги Рашковски за набавката на софтвер кој самиот го создал.
Дали првичното ставање на авторитетот на Заев како залог за одбраната на Рашковски не покажува барем две елементарни работи? Прво, дека самиот тој бил добро запознат со целата постапка, што на извесен начин, во најмала рака, го прави и поттикнувач или соучесник во неа. И второ, со кого во МВР се водела целата комуникација, ако за тоа не бил известен во тоа време техничкиот министер за внатрешни работи? Потребата на МВР воопшто од таков софтвер е сосема друга работа. На крајот на краиштата, можел ли Рашковски да ја спроведува целата постапка без за тоа да го информира својот ангел чувар Зоран Заев?
Comments are closed for this post.