Стотина лица починаа за само два дена. Стотина семејства се завиени во црно. Сето ова немаше да се случи доколку власта предводена од Заев и Филипче имаше барем малку, трошка разум. Но, зошто разум кога станува збор за здравјето на граѓаните?! Зошто Заев и Филипче би се грижеле за тоа, кога може да се грижат за тоа дали има доволно забава за нив, дали има доволно провизии од тендерите и набавките? Ним поважни им се сите овие работи од здравјето на граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според нив на премиерот и на министерот за здравство им е поважно дали има мотор или хеликоптер за да се провозат, од тоа дали има вакцини и дали населението ќе стекне имунитет.
Нивното мото е провизии пред вакцини! Бројката на починати е 4.108, а Заев и Филипче се директно виновни за тоа. Заев и Филипче се директно виновни за хаосот во државава.Затоа мора оставки! Затоа мора Филипче и Заев да заминат од функции! Филипче и Заев ќе одговараат! – коментираат од најголемата опозициона партија.
Comments are closed for this post.