Најодговорно тврдам дека ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство кој е здравствен работник, нема примено вакцина. Сите сме пријавени на апликацијата за вакцина и го чекаме нашиот ред, согласно планот за масовна вакцинација на населението, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по пристигнувањето на нови вакцини од Србија.
Денеска пристигна втората донација од Србија, 20 000 вакцини од „Спутник В“, а се најавени уште 20.000 во скоро време.
Во однос на тоа зошто не се објавуваат јавно лицата кои досега примиле вакцина, Заев рече дека, тие немаат проблем со тоа, доколку самиот систем може да ги заштити личните права на граѓаните.
Ако системот тоа го дозволува, ќе кажам на институциите и тоа ќе го направиме, а, ако не дозволува, тогаш секој функционер може поединечно да се изјасни и каже, изјави Заев.
Comments are closed for this post.