Младинскиот културен центар ги објави датумите за 11-тото издание на „Здраво млади“. Годинава, фестивалот ќе се одржува на 26 и 27 август во МКЦ паркот.

Организаторите најавуваат дека наскоро ќе бидат објавени и првите извадувачи, а ќе бидат пуштени во продажба и early bird билети.

Дизајнот на Воскресија Андреевска која ја освои втората награда

Во меѓувреме, за официјален дизајн на фестивалот е избран на Катја Штркова, додека втората и третата награда им припадна на Воскресија Андреевска и Весна Арангеловиќ. На конкурсот пристигнале над 100 дизајни од 94 дизајнери.

 

Дизајнот на Весна Арангеловиќ ја освои третата награда