Координаторот на коалицијата АА-А, Скендер Реџепи по средбата со владините претставници и координаторот на пратеничката група на СДСМ, изрази увереност дека се на добар пат за изнаоѓање на трајно законско решение за законот за државјанство со што ќе се овозможи создавање законска рамка преку која граѓаните без државјанство ќе може да го добијат истото.
Како што кажа Реџепи, следуваат внатрепартиски и меѓукоалициски разговори, по што следната недела се очекува да се организира уште една средба со претставниците од власта.
Comments are closed for this post.