Збунувачката одушевеност на Албанците да се попишуваат во странство, која порано не постоела, и Меморандумот на Бугарите, во кој се тврди дека и како Северни Македонци – Македонците не се прифатливи затоа што потсетувале на иредентизам, кажува дека Заев и Димитров не си ја довршиле работата.
Ова во колумна за МКД.мк го пишува академик Божин Павловски. Текстот го пренесуваме со мали скратувања.
Ќе следува уште едно прекрстување, но сега по скратена постапка. Се разбира, откако ќе се озваничи дека „постојат бугарски Македонци, наследници на средновековното богатство”, исто како што се прифати дека постојат „грчки Македонци, наследници на античкото богатство”.
(Иако во секоја енциклопедија пишува дека древното наследство е светска цивилизациска придобивка. Ако си открил артефакти од тоа време, особено град како Стоби, Хераклеја, Скупи, Баргала, значи дека и тебе ти припаѓа таа веќе мртва цивилизација. И се грижиш како за свој народен имот, меѓутоа не ја манипулираш како црни Грујо).
Меѓу бројната прекуокеанска дијаспора се раширија неубави вести дека овој попис, спонзориран од ЦИА, што се форсира и со закани, треба уште подраматично да ја измести позицијата на Северните Македонци. Попишани или непопишани, нема да има значење, јавиле наши луѓе директно од Вашингтон.
Целта била цензусот да „исфрли” неколку стотини илјади Албанци плус кои ќе се повикаат на стекнати права. За веднаш потоа Македонците во преговорите со соседите да отвораат само половина уста. И конечно да се врати македонизмот во шише како зол дух. Брзиот Пандели Мајко веќе ја потврди веста, која сепак треба да се провери.
Ете тоа е втората причина зошто дијаспората од сите прекуокеански земји (300.000 плус) одби да ја игра оваа валкана игра. Првата причина ја знае секој: тие енергично го одбија прекрстувањето и си стојат на тоа.
Во мигов особено е проблематична кампањата дека немаме што да бараме ни во средниот век. Да сме ги заборавеле дури и легендите за Крали Марко, Болен Дојчин, Црна Арапина, сите преданија што со векови си ги носел народот во своите пазуви.
Во докажувањето дека не сме постоеле ни во средниот век, ќе се конфронтираат многу луѓе. Да ги земам за пример покојниот гениј Владо Малески, партизан, романсиер, автор на химната, и неговиот син Денко, професор во пензија, министер во кој Киро Глигоров имаше најголема доверба…
…А бре Денко Малески, академик Александар Матковски 500 дена престојуваше во Конгресната библиотека во Вашингтон и донесе 15 илјади страници патописи на познати научници што патувале низ Македонија во текот на последните 1000 години и разговарале точно со Македонци. Не биле тие ни Грци ни Бугари туку Македонци. Така стои во текстовите што се објавени во многу томови и се достапни во нашите јавни библиотеки.
Самото ангажирање на врвните лидери на Албанија, Косово и Македонија, додека Заев си вози моторче, според еден стар лекар роден во Македонски Брод, треба да го загрижи секого. Тие веќе се пофалија дека очекуваат 50 проценти од пленот кој ќе го укнижат како стекнати права.
Во оваа жестока пресметка со кутриот народ главна улога игра СДСМ убеден дека со тоа „ќе го згмечи” ВМРО ДПМНЕ, кој баш и нема голема врска со македонизмот. (Видете кај Мисирков пред да видите кај Антонио Милошоски).
Но, според овдешните некогашни пријатели на Глигоров (сите образовани луѓе), Заевци овојпат си пукаат во нозе и ќе му понудат на своето членство горчлив успех наречен агонија – бавно умирање.
Па чиј светец е Блаже Конески, ваш или на оние што го нарекоа „Џуџето од Небрегово”?
Чиј беше Илија Џувалековски, генијот кој прв го обзнани македонскиот книжевен јазик преку Радио Москва? Чиј беше Илија Милчин, најголемиот експерт за македонскиот јазик по Конески, Сандански од „Мис Стон”? Чии беа Кочо Рацин, Коле Неделковски, Ацо Шопов и голема плејада творци што ги изнедри прогресивното движење. Чија завршна творба беше Народна Република Македонија? Ваша, на предците од кои треба да составите сопствена историја. Кој ќе ви влезе во архив, библиотека, бре говеда, како што ве нарече Ванчо Михајлов, по ова почетничко срамотење на науката и уметноста?
Зарем сте толкави дилетанти па не знаете дека во сите тие дела е вградена гордоста на еден народ?
Се разбира, по оваа мачна драма, следува епилогот. И кој ќе сака може да се пријави како бугарски Македонец. Исто како грчки Македонец. И како српски Македонец, нив ги има стотина илјади. Но и како канадски Македонец, и тие се толку на број. Американски Македонец, и тие. Австралиски Македонец, рамно сто илјади според последниот овдешен попис, новозеландски, шведски…
…И јазикот мора да има своја кодирана татковина и горди луѓе што ќе го користат.
Нашите интелектуалци – ќутолози се надеваат нивното творештво на тој убав јазик да биде поштедено во овој геноциден процес. За жал, и тие ќе си останат со подзинати усти и со посрани гаќи.
Најновиот трик „со бугарски Македонци – наследници на сето наше средновековно богатство” е генијален изум. Преку ноќ позајмен од Грците кои ефектно профитираа со таа доктрина.
Кој не верува дека Бугарите се на чекор од триумф нека се загледа во нивните телевизии на Интернет, за да открие колкав е бројот на бугарските Македонци што ја добија својата шанса да заиграат во главната улога. Веќе не се нарекуваат македонски Бугари туку бугарски Македонци. Главниот од нив, исто така бугарски Македонец со потекло од Охрид, гордо најави дека во печат се многу, многу изданија на книги на сите големи јазици, но и на бугарската норма што се нарекува македонски јазик, со кои ќе докажеме „каква кражба сакаа да изведат тие луѓе”…
Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.
Comments are closed for this post.