По објавите на социјалните мрежи и во медиумите, Основното јавно обвинителство Струмица вчера, по допрен глас оформи предмет за настанот во центарот на Струмица, кога повеќе лица беа учесници на тепачка.
Издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување на податоци и утврдување на идентитетот на лицата кои беа учесници во настанот.
Обвинителството продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на расчистување на настанот.
Comments are closed for this post.