Иако велат дека музичката индустрија е најпогодена од тековната корона криза, тоа не е случај со македонскиот интернационалец Борис Цветановски, кој минатата година го промовираше својот музички проект под псевдонимот „Ris Flower“ преку кој го пробива патот до светската музичка сцена.
Тој денеска го промовира новиот сингл „Set Me Free“, кој како што самиот вели, е повик за ослободување.
Времето во кое живееме ме натера да ја согледам заробеноста на луѓето во своето секојдневие, во тешките меѓусебни врски и испревртените принципи и вредности. Инспирацијата ја пронајдов во бескомпромисниот копнеж за слобода и љубов кај секого, објаснува Цветановски.
Новиот музички хит „Set Me Free“ е дело на Борис Цветановски и Павле Василјевиќ, а врвниот светски звук се должи на аудио продукцијата, миксот и мастерингот во едно од најпрестижните студија во Истанбул, Турција од страна на продуцентите Арикан Сиракаја и Мустафа Чанбазлар.
За ова музичко издание се подготви и официјален видео спот кој е режисерско дело на Бруно Велјановски, додека виновник за магијата позади камерата е Борис Ралев.
Инаку, за Ris Flower велат дека во својата песна промовира нов, модерен, ултра-прогресивен светски звук на поп музика. Мистериозните текстови споени со музичките теми кои би допреле до секој, го дефинираат Борис Цветановски како инди-поп артист со мноштво од рок, денс-рок, пост-брит поп и инди-хаус елементи.
Comments are closed for this post.