Со новата Програма структурата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” од почетокот на оваа студентска година е изменета, 11 катедри се заменуваат со нова структура од пет отсеци, а со тие измени иднината на македонски катедри станува неизвесна, тврди претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Љупчо Коцарев.

Го поддржувам ставот на професорите од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, според кој не постои и  никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност. Покрај тоа, ги охрабрувам во иднина цврсто да се држат до тој став, особено затоа што програма за работата на деканот на факултетот, во период од 15 септември 2020 година до 14 септември 2023 година, не е во согласност со ставот на катедрата. Според програмата, структурата на факултетот од 11 катедри се заменува со нова структура од пет отсеци, а иднината на македонски катедри станува неизвесна, изјави Коцарев за Вечер.

Целиот текст овде.