Поранешниот шеф на државата, Ѓорге Иванов, ги нарече небулози информациите дека на 27 април 2017 планирал да прогласи воена состојба.
Тој за оваа претпладнево зборуваше во Основниот кривичен суд во Скопје каде беше повикан како сведок по предлог на одбраната во процесот за организацијата на „крвавиот четврток“.
„Се што е поврзано со воена состојба произлезе од текст објавен во еден неделник, една недела пред настаните. Објавен беше текст со шпекулации, невистини. До 27 април тој текст беше интерпретиран, коментиран во другите медиуми во земјата и беше пренесен во странски медиуми. Целиот текст е небулоза. Уставот е јасен: воена состојба се прогласува кога постои опасност за напад на републиката, кога е нападната државата или кога е објавена војна на Републиката. Одлука носи Собранието со двотретинско мнозинство, кое ако не се состане, одлука може да донесе и Претседателот, но истата потоа оди на потврдување во Собрание”, изјави Иванов кој потоа уште еднаш нагласи дека тој период парламентот имал надлежност за прогласување воена состојба бидејќи истиот е во постојано заседание од моментот на верификација на пратеничките мандати – изјави Иванов кој потоа уште еднаш нагласи дека тој период парламентот имал надлежност за прогласување воена состојба бидејќи истиот е во постојано заседание од моментот на верификација на пратеничките мандати.
Покрај за воена, поранешниот претседател Иванов беше прашан и дали размислувал за прогласување на вонредна состојба. Тој одговори речиси идентично, односно дека за овие прашања уставот е јасен.
-Прогласувањето на вонредна состојба е определена со Уставот. Во Македонија немаше ниту епидемија ниту елементарна непогода-објасни Иванов.
Comments are closed for this post.