Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, соопшти дека се појавила и нова мутација на британскиот вид на коронавирус кој го нарекуваат супер сој.
Британскиот сој беше откриен во декември 2020 година и тој стана доминантен вид во последниот месец, бидејќи повеќе од 50 проценти од луѓето се заразени токму со оваа мутација на коронавирусот.
Исто така, откриено е дека овој британски сој има мутација што потекнува од јужноафрикански род. Сега имаме нов „супер британски вид“ со мутација на Јужна Африка, што е важно да се знае затоа што некои мутации можат да избегнат појак имунолошки одговор, рече Рамадан.
Тој додаде дека Велика Британија го вакцинира населението со голема динамика и дека досега се вакцинирани 13 милиони луѓе. Околу 15 милиони луѓе се очекува да бидат вакцинирани до средината на февруари.
Запрашан дали појавата на новиот вид го најавува третиот бран на епидемијата, Рамадан рече дека тоа ќе зависи од ограничувачките мерки.
Comments are closed for this post.