На Зоран Заев не може да му се верува кога вели дека низ дијалог ќе се изнаоѓа компромисно решение во поглед на барањата за државната матура. Ако Заев има навистина искрени заложби тогаш заедно со Царовска нека го поддржат Предлог-законот за изменување на Законот за државна матура и веднаш истиот да биде ставен на дневен ред во Собранието на Република Македонија, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Искрено ако од Заев се чека компромис и волја за брзо решение тогаш можат уште веднаш да се постават шаторите за кампување пред Министерството за образование и наука, затоа што нема доверба повеќе во неговите зборови. Заев само си купува време, исто како што тоа го вети за името, капиталните инвестиции и проекти, лажните слики за убавите оброци во студентските домови и уште многу други лаги за граѓаните. Жално е што Царовска нема слух за барањата за матурантите. Ниту инвестираат во младите луѓе, ниту водат грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок – вели опозициската партија.
Comments are closed for this post.