И после 4 годишната агонија со некомпетентни министри за култура, се појави мала надеж дека актуелната министерка Стефоска, можеби ќе внесе малку свежина и цврста рака во секторот култура.
Но, надежта набргу згасна. Доцнењето на плати, агонијата со колективниот договор и неговото лошо спроведување, неизвесност во културните институции за време на пандемијата, скандалите со УНЕСКО, фалсификатите, но и поставувањето на партиски фискултурни директори само потврдија работата оди на полошо и дека конечно мора да се слушне силниот глас на огромниот број на уметници и здрженија од културата кои јасно кажуваат: Е доста е!
Како Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваме протестот на актерите од Струмичкиот театар и иницијативата „Фис-култура или култура“ и апелираме до сите културни работници, да се огласат и за сите други вакви незаконитости во останатите институции.
Апелираме да се потсетат на скандалозниот Предлог-закон за остварување на јавниот интерес во културата кој е во собраниска процедура, во кој јасно стои намерата дека сите овие скандали се само најава за она што следува понатаму. Со овој Предлог-закон само ќе се даде легитимитет на кримналните политики на СДСМ во културата. Културата во Македонија мора да ја водат единствено работниците од културата!, соопштуваат од партијата.
Comments are closed for this post.