Во Центарот за култура „Григор Прличев“, на 5 февруари, в петок ќе се одржи традиционалната манифестација „Прличеви беседи“.
Во изложбениот салон на Центарот, со почеток во 11:45 часот ќе биде отворена изложба на ликовни дела од колекцијата на оваа национална установа.
Со изведба на Прличевата „1762 лето“ на хорот при Центарот, напладне ќе се одржи свеченост посветена на лауреатот на наградата “Григор Прличев“.
Обраќања ќе имаат претставник од НУЦК “Григор Прличев” и од Општина Охрид, по што ќе следи претставување на наградената поема за 2020 година „Капетаните“ со артистичка изведба на поемата.
На Прличевите беседи, на лауреатката Лилјана Пандева ќе и биде врачена повелбата за најдобра поема за 2020 година.
Манифестацијата ќе се одвива согласно здравствените протоколи за заштита од корона вирусот.
Comments are closed for this post.