Селма Бориќ, жената која беше отпеана во песната на „Бијело дугме“, почина на 92-годишна возраст. Веста за нејзината смрт на Фејсбук ја објави Жељко Бебек, кој постави фотографија со Селма од прославата на нејзиниот 90-ти роденден во август 2019 година.
Селма Бориќ повеќе пати зборуваше за своето пријателско со Владо Дијак, кој е авторот на култните стихови на песната која ја компонираше Горан Бреговиќ.
Имав тогаш 16 години. Јас лежев со девојчињата на тревата, а Владо со момчињата лежеше отспротива. Ја скубеше тревата и постојано погледнуваше во мене. Изгледа дека веднаш се заинтересира за мене, а подоцна се сретнавме на корзото. Еднаш ме сретна со куфер, па ми го носеше куферот. Одевме кон станицата, па ми помогна да влезам во возот. Во тој воз имаше скршен прозорец, а тој тогаш ми рече: Селма не се наведнувај преку прозорецот“, раскажа Селма која пред неколку години гостуваше во хрватската телевизија.
Comments are closed for this post.