По крајот на оваа сезона Иван Чупиќ ќе го напушти Вардар и ќе се пресели во Загреб со кој веќе потпишал договор, тврди „Хендбол-планет“.
Според специјализираниот портал за ракомет, Чупиќ потпишал тригодишен договор со Загреб и од идното лето ќе се врати во Хрватска.
Чупиќ неодамна изјави дека од Вардар ќе зависи дали тој ќе остане во Скопје или ќе си замине. Но последните информации велат дека веќе ја донел одлуката и од следната сезона ќе го носи дресот на Загреб.
Чупиќ петта сезона настапува во Вардар и беше еден од клучните ракометари за освојување и на двата трофеи во Лигата на шампионите.
Comments are closed for this post.