Ако сакаме да има гас до сите домови државата т.е НЕР мора да управува со ГАМА, вели Марко Бислимоски претседател на РКЕ и претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедица . Бислимоски појаснува дека сега имаме состојба кога гасот што стига од Русија проаѓа низ гасоводниот прстен со кој управува Макпетрол и државата. Тоа е како на обиколница патарината да ја определува и приватно претпријатије, а ако е во сопственост само на државата може да одлучи и да нема патарина за возилата од нејзиниот град туку само за транзитните.
Бислимоски наведува дека секретаријатот на Енергетската заедница даде зелено светло затоа што со преминување на ГАМА во целосна државна сопственост ќе ги исполниме европските критерими од третиот енергетски пакет.
Македонија не е изолиран остров во енергетиката. Ние ќе станеме транзитна земја со коридорот на гас што ќе влезе од Грција кој ќе поминув преку нас па се до Косово и ќе биде дирекна конкуренција на постојниот гас што доаѓа од Русија. Тоа значи конурентност и пониска цена, вели Бислимоски и појаснува дека за да стигне до гасот до домаќинствата, ГАМА мора да премине во државна сопственост за да може низ цевката да има пристап секој кој ќе носи гас. Правото на пристап може да го гарантира државата врз инфраструктура што ја управува. И најбитно од се е дали ние ќе се грееме од Рек Битола или ќе имаме поевтин енергенс за граѓаните? Клучно е што гасоводот треба да се искористи максимум бидејќи е во добра кондиција и овие инфраструктурни проекти може да траат и повеќе од 30-40 години”, изјави Бислимоски.
Comments are closed for this post.