Премиерот Зоран Заев ја упати можеби најострата порака која досега ја изрекол кон неговиот некогашен партиски лидер и поранешен шеф на државата Бранко Црвенковски.
Па така, во вчерашното гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, тој порача дека посакува земјава да имала поранешен претседател како Стипе Месиќ, кој, пак, како што е познато, ги коментира битните општествени случувања во Хрватска, наспроти молкот на Црвенковски, а кажа и дека неговото членство во СДСМ е одамна замрзнато. Иако рече дека неговиот став по интервјуто за „Б’гнес“ е демократско право, Заев не пропушти да искоментира дека го зачудува обраќањето на Црвенковски кон социјалдемократите, упатувајќи го дека тој требало да се обрати кон граѓаните.
„Посакувам да имаме поранешни претседатели и премиери кои ќе бидат активни чинители во општеството“, рече Заев.
Прашан дали разговарал со Бранко Црвенковски, по неговото соопштение со сериозна критика, Заев рече дека не разговарал, туку дека реагирала неговата партија со соопштение кое претходно и тој го видел, го искоординирле и го пуштиле во јвност.
На прашањето дли тоа го доживеа како нож во грб, Заев со одговор.
„Не. Како право демократско го доживеав. Еден дел ми беше специфичен. Бившиот премиер и бившиот претседател на државата се обрати кон социјалдемократите. Тој треба да се обрати кон граѓаните и да ги каже своите ставови…. Во интервјуто вели дека замрзнува нешто. Мислам, замрзнато е тоа одамна, не е сега замрзнато. Јас очекувам да имам претседатели живи и здрави овде во државата коишто ќе бидат како еден Стипе Месиќ, коишто ќе бидат како, не знам, Јосиповиќ, коишто ќе бидат активни чинители, ќе бидат коректив, ќе градат свои ставови, ќе кажуваат свои ставови. Јас го доживеав тоа како демократско право. Но, апсолутно, нормално потврдив, дека секој може да свика Централен одбор. Централниот одбор, кај нас, овие прашања ги има претресувано неколку пати“, рече Заев во интервјуто.
Comments are closed for this post.