Вечерва (23 декември) од 19 часот ќе биде организирана онлајн дискусија насловена „Право на култура: Разговор за потребата од децентрализација на политиките за култура во Република Македонија – Случај Општина Шуто Оризари“, во кој ќе се стави акцент на потребата од постоење на Ромски културен центар.
Разговорот го организираат Групата „Жени за жени“ во соработка со Здружението на жени Ромки „Лачо Диве“ и целта е да се одговорат прашањата за недостигот од културен простор во рамки на Општината, за потребите на оваа заедница од таков простор и да се даде преглед на моменталната состојба во која работат и дејствуваат ромските уметници, културно-уметничките друштва и работниците во културата.
Ќе разговараме за важноста и итноста за отворање на еден ваков значаен културен центар за Ромската заедница, која веќе подолго време се соочува со недостиг од простор каде заедницата ќе може да ги ползува културно-уметнички вредности и практики. Се надеваме на конструктивен и прониклив разговор кој ќе се развива во насока за заедничко дејствување кон подобрување на политиките за култура на локално ниво“, додаваат организаторите.
На дискусијата ќе земат учество засегнатите граѓанки кои работат на некој начин во она што би го именувале како културен сектор, односно ќе учествуваат претставнички од институции, од актерската фела, невладиниот сектор, музичката сцена и тоа:
Фикрија Таир – надворешна соработничка, советник за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија во Кабинетот на Претседателот.
Санела Емин – дипломирана актерка и советничка при советот на О. Шуто Оризари,
Техамана Лазар – музичарка, наставничка по ромски јазик во основното училиште Браќа Рамиз-Хамид, Скопје и учителка по музика во Roma Rock School, и
Џемилиана Абдулова – претседателка на здружението на граѓани „Ромски културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ“.
Разговорот ќе го модерира Сибел Бајрам од здружението на жени ромки Лачо Диве.
Настанот ќе се емитува на профилот на Фејсбук на Тиииит! Инк.
Comments are closed for this post.