Господине Заев, доста со демагогии и празни прес конференции. Денеска се изнаслушавме само нови лаги, а ги гледаме истите стари практики. Гломазен и нереален буџет од над  4 милијарди евра, пари кои се фрлаат низ ветар, ова денеска преку прес-конференција го истакна Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација, 86 денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари одат за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари се даваат за камати, а само 23 денари за капитални инвестиции. Уште поедноставено, од 1000 денари кои ги има власта преку буџетот, само 93 денари одвојува за иднината и развојот на државата, сите други пари се трошат непродуктивно и за таканаречена купи ден продај политика. А најжално од се е тоа што оваа влада ги нема тие 1000 денари, туку само 859 денари, останатите 141 денар таа ги позајмува.  За да сфатиме колку власта нема концепт за развој на државата е да ги споредиме количеството на пари кои ги одвојува Македонија во споредба со Косово за капитални инвестиции, имено ние одвојуваме 347 милиони евра во апсолутен износ, додека Косово цела една милијарда евра. Заев е убедливо најслаб во регионот, и нема план за развој. Зоран Заев денеска ги повтори истите ветувања, со кои дојде на власт во 2017 година. Сето она што го вети дека ќе го реализира во неговиот прв мандат, не е реализирано и го ветува и сега.

  1. Заев го вети Коридорот 8, уште пред да дојде на власт, 4 години немаме никаков напредок на градежните активности на истиот.
  2. Заев вети гасификација, 4 години процесот тапка во место, уште не е реализирана ниту примарната гасоводна мрежа, а требаше да се пристапи кон секундарната и терцијалната.
  3. Заев вети реформи во судството, а наместо реформи го зароби судството и спроведе невиден политички прогон.
  4. Зоран Заев ветуваше чист воздух веднаш, 4 години подоцна додека Скопје се гуши, Заев ветува чист воздух повторно.
  5. Заев вети еколошки транспорт во Скопје, 4 години ништо не направи.
  6. Заев вети бесплатно здравство, а луѓе преку СМС пораки се уште собираат донации за лекување, дури и од КОВИД, вели Димитриеска Кочоска.

 

Таа додава дека Зоран Заев ги даде истите ветувања, со кои ги доби изборите во 2017 година, истите тие ветувања Заев во ново пакување им ги сервира на граѓаните повторно мислејќи дека ќе му ја купат лагата.

Зоран Заев е политичар кој ќе ги каже и најубавите зборови, но кога ќе го погледнете во очи ќе видите дека тоа се само лаги. По плановите 3-6-9, 18, сега имаме и план 21. Само планови, а никаква реализација. Со буџетот наместо за граѓаните има бенефит само за бизнисите на Зоран Заев. Заев посветил цела тема од неговата прес конференција на марихуаната и дополнителни законски решенија и поволности за одгледувачите на медицински канабис, бизнис во кој длабоко е влезено неговото семејство и каде се вртат милиони. Очигледно Заев не гледа подалеку од својот профит, и додека Заеви нижат милиони, народот брои денови за до крај на месец. За крај, го повикувам економскиот тим на Владата да излезе и конкретно проект по проект износ по износ да објасни каде се наоѓаат сите изнесени лаги во ставките на буџетот за 2021 година. Почитувани граѓани едно зборуваат а на хартија друго предвидуваат. Очигледно овие грешни проекции ќе ги преправаат многу брзо со ребаланс и сето тоа на штета на граѓаните, вели Димитриеска Кочоска.