Не смее на Заев, Димитров и Шекеринска влакно да им фали бидејќи не смее да се дозволи заради нас, не заради нив, и тоа на овие протести треба да се каже, рече режисерот Дарко Митревски во емисијата „Заспиј ако можеш’.

Тие не смеат да завршат како трагични фигури. Тие  не се трагични фигури на некакви идеали. Тие се трагедија и срам на Македонија и како трагедија и срам на Македонија треба да завршат на суд. Треба да бидат уапсени и да бидат кривично гонети заради ставање на Македонија во подредена положба према друга земја, а кај народот  тоа се вика велепредавство, смета Митревски .