Идејниот проект за конзервација на Аквадуктот е завршен, а основниот ќе биде готов за две недели, објави деновиве министерката за култура Ирена Стефоска, која претходно најави дека заштитата на културното наследство ќе биде приоритет во текот на нејзиното раководење со министерството.
Таа потенцираше дека лично го посетила Градскиот конзерваторски центар со цел да се информира за предвидените активности поврзани со овој импозантен објект во близина на Скопје.
Дека се преземаат конкретни чекори за реставрација на аквадуктот потврдуваат и од Конзерваторскиот центар Скопје.
Во изминатите две години се направени огромни чекори да се дојде до реализација на основниот проект „Аквадукт во Скопје“. Изработен е идејниот проект, елаборат за ревалоризација, како и основниот градежен проект кој во себе ги содржи градежните активности (определување динамички карактеристики на Аквадуктот со теренско мерење на амбиенталните вибрации , статичка и сеизмичка анализа, геотехнички истражни работи со лабораториски испитувања на јакоста и деформабилни карактеристики…). Сите овие работи се основа за реализација на предвидените активности и воедно чекори за заштита на Аквадуктот како целосен Проект, кој во понатамошниот период преку хортикултурно уредување и сите пропратни содржини ќе го ревитилизира овој простор и ќе влезе во туристичтата мапа на градот Скопје, но и на Република Македонија како дел од културното наследство, вели Коле Чапкановски, директор на Конзерваторскиот центар Скопје за Вечер.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.